КВАЛИТЕТ НА ТРЕТИРАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ

Технологијата БИГ–СБР (секвентен биореактор) е имплементирана во модуларни пакети напрочистителни станици БМП (БИГ Модуларни ПакетиПрочистителни Станици) за третман на индустрискии комунални отпадни води од различни извори, со цел, редуцирање на концентрациите на органските полутанти и биолошката потрочувачка на кислород (БПК) во рамките на европските регулативи.
Модуларните станици применуваат систем напродолжена аерација која обезбедува доволно кислород и мешање, со што се овозможуваат поволни услови за разложување на органските полутанти од страна на микроорганизмите присутни во отпадната вода. Технолочкиот процес го карактеризираат пет чекори на третман со цел да се постигне саканиот квалитет на ефлуентот: скрининг, аерација, таложење, рециркулација на тиња и дезинфекција.
Модуларните станици се изведени од заварени челични контењети, со соодветна надворешна и внатрешна изолација што ги прави овие модуларни станици поволни за пдземна инсталација. Опремата од модуларните прочистителни станици може да биде обезбедена и за додатна инсталација.

BioengineringДизајн на прочистителна станица