КВАЛИТЕТ НА ТРЕТИРАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ

Прочистителните станици за третман на отпадни води со ознака БМП за отпадни води произведуваат ефлуент со 20 mg/L БПК и 30 mg/L суспендирани материи. Терциерниот третман е дополнителна опција која е предвидена за БМП за подобрување на квалитетот на третирани отпадни води. Може да се обезбеди опрема со која ќе се постигнат стандардите за наводнување. Со понатамошни напредни третмани на отпадни води може да произведе соодветен квалитет на водата за рециклирање и висок квалитет на ефлуентот за повторна употреба.
Во БМП пречистителните станици се користи т.н. “state-of-the-art”, модерна технологија на 15 години докажаниот процес за биолошки третман на отпадни води. БМП технолошкиот процес е природен процес, без употреба на хемикалии.
Потребните бактерии, кои се наоѓаат насекаде во природата, се селективно избрани и внесени во процесот на СБР со цел отстранување на јаглерод, азот и фосфор кој се наоѓа во повеќето отпадни води. Едноставноста е тоа што овој временски контролиран процес го прави практичен и функционален, што резултира со отпадни води со ниско на БПК-5, ВСМ, азот и фосфор – обично многу пониски од регулаторните барања. Флексибилноста на БМП системот овозможува тој лесно да се прилагоди на променливите услови на хидраулични и органски товари.

BioengineringКвалитет на третирани отпадни води