
Тимот со своето богато искуство во земјата и странство може да ви помогне во сите елементи на производствениот технолошки процес, од производство до краен потрошувач. Тоа искуство е гаранција за едноставното и квалитетно управување со податоците, анализа на податоците и предлагање на соодветни мерки. Нашите решенија се едноставни, логични и корисни.
Секој човек поединец кој се грижи за себе треба да посвети внимание на своето здравје вршејќи контрола на храната која ја внесува. Надуените конзервирани производи во маркетите, храната која е со непријатна миризба, променета боја или пак променета коензистенција на истата...
Водата е најважниот медиум без која човекот не може да живее. Од една страна е составен дел од нашето тело, од друга страна се што е околу нас има најголем процент вода и на крај ние мораме да ја внесуваме секојдневно.
Виното се добива преку процеси на ферментација. Гроздовиот слад се инокулира со квасна стартер култура и ферментациониот процес трае околу една недела. Во овој период шеќерот се конвертира во етанол.
Микроорганизмите се најбројните жители во сите слоеви на почвата. Тие имаат значајна улога во природата и учествуваат во процесите кои одржуваат рамнотежа во истата.
Козметичките производи се препати кои се користат во голема мера. Денес, неизбежно е нивното секојдневно користење, било да ги користиме од медицински аспект или пак заради разубавување.
Здравјето е најважно за сите нас. Се што може да го загрози претставува опасност за нашиот живот- контаминирани садови, контаминирана храна во садови односно различни амбалажи, а особено детските играчки.
Помеѓу сите класични микробиолошки анализи, имаме и близок контакт со нашата друга лабораторија за генетика и персонализирана медицина сместена во клиниката Жан Митрев.
Повеќето од микроорганизмите создаваат материи кои имаат токсично дејство врз околината, другите микроорганизми и човекот. Овие материи се нарекуваат токсини и се именувани во зависност од местото на дејство и од чија страна се создадени.
Покрај сите класични микробиолошки тестови, во овој Истражувачки центар се извршуваат и следниве анализи.
Нашата посветеност е концентрирана кон усовршување, точност и релевантност на резултатите и услуга кон клиентите. Поради ова, лабораторијата е во процес на акредитација. Сметаме дека ќе понудиме технолошки решенија за секој проблем поединечно, бидејки за првпат во Македонија технологиите кои ги користиме се специфични за секоја индустрија и за секој клиент посебно.
Секоја патека по која се движиме во животот потребно е да има некаков крај, некаква цел. Ако немаме цел не би знаеле кон што се стремиме. Нашата лабораторија има една главна цел, а тоа е подобрување на квалитетот на животот на човекот како и олеснување на истиот со помош на ново конструирани биотехнолошки планови и процеси. Меѓу другото, изнаоѓање на нови начини за справување со патогени микроорганизми благодарение на оние кои поседуваат антибактериска активност, изнаоѓање на нови микробиолошки ѓубрива кои би ги замениле канцерогените пестициди кои секојдневно ги внесуваме, изградба на прочистителни станици кои се од особено значење поради тоа што загадувањето на водата веќе го достигнува својот максимум и др.