За нас

Запознајте се со нашиот центар

Био Инженеринг Доо е основана како приватна компанија во 1998 години во Скопје, Македонија, специјализирана за истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија. Изминатата година, како добитник на кофинансирачки грант од Фондот за Иновации и Технолошки развој, Био Инженеринг Доо ја прошири својата дејност формирајќи Истражувачки центар за применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски. Истражувачкиот центар врши рутински микробиолошки анализи на вода, храна, козметички производи, земја, компост и микробиолошки ѓубрива, спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми, а воедно се занимава и со научно-истражувачка дејност.

Компанијата е добитник на неколку национални и интернационални награди за патенти и пронајдоци и претставува редовен партнер-учесник во FP5, FP6, FP7 проекти. Јадрото на компанијата е составено од универзитетски професор (микробиологија и индустриска биотехнологија) и двајца доктори на науки.

Тимот со своето богато искуство во земјата и странство може да ви помогне во сите елементи на производствениот технолошки процес, од производство до краен потрошувач. Тоа искуство е гаранција за едноставното и квалитетно управување со податоците, анализа на податоците и предлагање на соодветни мерки. Нашите решенија се едноставни, логични и корисни.

slide-three
Имаме долгогодишно научно и практично искуство во разрешувањето на голем број производствени проблеми кои се резултат на активноста на различни групи микроорганзми. Партнерите со кои соработуваме се произведувачи на храна и вода, вино, козметички приоизводи, земјоделски компании, сточарски фарми, дистрибутери, угостители и друго.

Во Центарот се врши изолирање на чисти култури микроорганизми (бактерии, квасци и мувли) и нивно умножување кои понатаму наоѓаат широка примена во системите за третман на комунални и индустриски отпадни води, во традиционалното и органското земјоделско производство како биофертилизатори, стимулатори на растењето, биопестициди, во сточарското производство како пробиотици и пребиотици и др.

Сметаме дека ќе понудиме технолошки решенија за овој проблем кои за првпат во Македонија ќе бидат поткрепени со научни и искуствени сознанија. Технологиите кои ги користиме се специфични за секоја индустрија, за секој посебен клиент, а со нив се придонесува кон намалување на тековните материјални трошоци.