Која е нашата цел ?
Секоја патека по која се движиме во животот потребно е да има некаков крај, некаква цел. Ако немаме цел не би знаеле кон што се стремиме. Нашата лабораторија има една главна цел, а тоа е подобрување на квалитетот на животот на човекот како и олеснување на истиот со помош на ново конструирани биотехнолошки планови и процеси. Меѓу другото, изнаоѓање на нови начини за справување со патогени микроорганизми благодарение на оние кои поседуваат антибактериска активност, изнаоѓање на нови микробиолошки ѓубрива кои би ги замениле канцерогените пестициди кои секојдневно ги внесуваме, изградба на прочистителни станици кои се од особено значење поради тоа што загадувањето на водата веќе го достигнува својот максимум и др.