Козметичките производи се препати кои се користат во голема мера. Денес, неизбежно е нивното секојдневно користење, било да ги користиме од медицински аспект или пак заради разубавување. Во секој случај козметиката е дел од нашето секојдневие. Секој козметички препарат, било да е паста за заби, крема за раце, лосион за тело, шампон за бањање, регенератор за коса, разни типови на масла, лакови за нокти, балсами за бричење, парфеми, медицински креми и тн. треба да е безбеден за користење.
Во однос на анализите кои секој производител треба да ги направи и означи на производот пред истиот да се презентира на пазарот има неколку кои би ги издвоиле како најзначајни, а тоа се: квантитативен и квалитативен состав на козметичкиот препарат, физичко-хемиски својства, микробиолошка анализа (присутност на бактерии, квасци и мувли), токсичност и др. Нашите анализи се поделени во две групи:
1. Група: производи наменети за нега на деца до 3 години, за подрачја околу очи и слузница:
- Вкупен број на бактерии, квасци и мувли.
2. Група: останати производи.
- Вкупен број на бактерии
- Вкупен број на квасци и мувли
- Staphylococcus aureus
- Pseudomonas aeruginosa
- Escherichia coli
- Candida albicans
- Молекуларни метагеномски анализи