Микробиолошка контрола на органски ѓубрива, седименти, компост, минерали и др.

Микроорганизмите се најбројните жители во сите слоеви на почвата. Тие имаат значајна улога во природата и учествуваат во процесите кои одржуваат рамнотежа во истата. Кружењето на материите е предуслов за живот на оваа планета, и токму микроорганизмите се оние кои се алка од синџирот на последователни процеси кои се случуваат. Тие ги разложуваат мртвите материи (од трупови од животни до уништени стебла од дрвја и листови) формирајки хумус. Бројот на микроорганизмите во почвата, како и некои други нејзини карактеристики, како што е хемискиот состав, се важни показатели за плодноста на земјата.

Во нашиот центар може да ги добиете следните услуги:

1. Детекција и броење на еколошки (физиолошки) групи бактерии во почва:

  • нитрификатори,
  • денитрификатори,
  • азотофиксатори,
  • амилолитички,
  • целулолитички,
  • фосфомобилизатори,
  • фосфоминерализатори,
  • актиномицети.

2. Одредување на вкупен број бактерии на 30°C

3. Детекција и броење на  Enterobacteriaceae

4. Детекција и броење на коагулаза позитивни стафилококи

5. Детекција на сулфитредуцирачки клостридии

6.Квасци

7. Мувли

8. Молекуларни метагеномски анализи