Микробиолошка контрола на садови, прибор и амбалажа за животни намирници, детски играчки, средства за одржување на хигиена во домаќинства, тутунски преработки.

Здравјето е најважно за сите нас. Се што може да го загрози претставува опасност за нашиот живот- контаминирани садови, контаминирана храна во садови односно различни амбалажи, а особено детските играчки. Во нашата лаботаторија можете да направите анализи со кои ќе ја потврдите безбедноста на играчките со кои си игра вашето дете или пак одвреме навреме да проверите присутност или отсутност на микроорганизми на садовите и приборот кои секојдневно ги користите. Анализите кои ги работиме се:

  • Одредување на вкупен број бактерии на 30°C
  • Детекција и броење на  Enterobacteriaceae
  • Детекција и броење на коагулаза позитивни стафилококи
  • Детекција на сулфитредуцирачки клостридии