Секој човек поединец кој се грижи за себе треба да посвети внимание на своето здравје вршејќи контрола на храната која ја внесува. Надуените конзервирани производи во маркетите, храната која е со непријатна миризба, променета боја или пак променета коензистенција на истата, недобро приготвената храна од животинско потекло се едни од причините за масовни труења со храна кои и ден денес се случуваат.
За да се спречи ова потребно е фирмите како произведители од своја страна да ги направат сите анализи кои се потребни за потврда на микробиолошката исправност на храната и производите. Микробиолошката анализа на храна се однесува на контрола на присуството на микроорганизми во месо и месни производи, млеко и млечни производи, конзервирана храна, производи од растително потекло, сокови…
Во нашата лабораторија се изработуваат следните анализи за контрола на храна:
Хоризонтални методи за постапки за земање на проби за употреба на површински контактни плочи и брисеви
- Одредување на вкупен број мезофилни бактерии на 30 °C
- Одредување на квасци и мувли на 25 °C
- Одредување на Salmonella spp.
- Одредување и детекција на Enterobacteriaceae
- Одредување на beta-glukuronidaza позитивни E. coli
- Одредување на број на коагулаза позитивни стафилококи
- Одредување на број и докажување на Campylobacter spp.
- Докажување на L. monocytogenes
- Одредување на број на L. monocytogenes
- Докажување на сулфидредуцирачки клостридии
- Докажување на Clostridium perfringens
- Докажување и броење на Bacillus cereus
- Докажување на E. coli O157
- Молекуларни метагеномски анализи