Водата е најважниот медиум без која човекот не може да живее. Од една страна е составен дел од нашето тело, од друга страна се што е околу нас има најголем процент вода и на крај ние мораме да ја внесуваме секојдневно. Таа не може да се замени со ниедна друга материја, затоа е важно да е чиста од секој аспект, а особено микробиолошки. Во минатото многу заболувања, како колерата, се пренесуваа и здобиваа токму од контаминирана вода. Денес овие ситуации се сé поретки поради микробиолошката исправност и контрола на водата која сé почесто се спроведува поради зголемената свест кај човекот. Може да се каже дека отсутството на микроорганизми во водата која ја користиме е од енормно значење за животот на земјата.
Во нашата лабараторија се изработуваат три пакети на анализи на водата и тоа:
1. Микробиолошка контрола на вода за пиење
- Одредување на вкупен број бактерии
- Детекција и броење на E. Coli и колиформни бактерии на МФ (мембранска филтрација)
- Детекција и броење на Enterococcus spp. на МФ
- Детекција и броење на Pseudomonas spp. на МФ
- Детекција и броење на Salmonella spp. на МФ
- Детекција на сулфитредуцирачки клостридии на МФ
- Молекуларни метагеномски анализи
2. Микробиолошка контрола на водени акумулации (базени, бунари, реки, езера)
3. Микробиолошка контрола на отпадни води