Биоинженеринг Доо има развиено рехнологии за напреден третман и процесирање на отпадни води (Технологии базирани на био-аугментација ТББ, и Технологии базирани на селектирани микроорганизми ТБСМ). Овие технологии се искористуваат во нашире прочистителни станици од типот БИГ-Г® и БИГ-МФ®. Предноста на овие технологии е во нивната голема ефективна работа во однос на класичните биолошки системи, и воедно може да биде аплицирана и во веќе постоечки инфраструктури наместо да бидат градени нови. Од ова проезлегуваат огромни инвестирачки заштеди во кои индустриите не мора да инвестираат огромни суми за изработка на нови габарити, т.е можат да ги користат постоечките и воедно да го добијат посакуваниот резултат од третманот на отпадната вода.

  • Слика 1
  • Слика 2
  • Слика 3
  • Слика 4

Значајното намалување на волумените на базените каде се спроведуваат процесите на изедначување, биолошкиот третман и секундарното таложење.

Се гарантира дека прочистената вода ќе биде во согласност со Анекс 1 од Директивата 91/271/ на ЕЕЦ.

Може да се користи при градење на нови постројки за третман на отпадни води како и да се примени на веќе постоечки прочистителни станици со технологија на биоактивна тиња, со цел да се зголеми степенот на прочистување на водата.

Се овозможува разградувањето на вообичаено тешко биоразградливите материи во отпадната вода да се постигне за приближно исто време како и разградувањето на лесноразградливите, што не бара зголемување на волуменот на додатните биореактори. Со тоа се намалуваат трошоците за одржување на системот, што представува економска предност над класичната СБР технологија.

Обучените лица можат едноставно и со разбирање да го водат системот за биолошки третман на отпадните води каде, што придонесува намалување на потребната работна сила.

Оваа технологија се разликува од останатите биолошки постапки и по тоа што таа има биотехнолошки карактер. Бидејќи и биолошкиот процес при третманот на отпадните води се спроведува со помош на микроорганизми, потребно е микробната биомаса за одреден тип на отпадни води предходно да се припреми. Ние таа припрема ја вршиме со издвојување на микроорганизми од различни живеалишта кои можат да го спроведат потребниот биолошки процес. По издвојувањето, се одбираат само оние микроорганизми кои покажуваат најдобри биолошки карактеристики: активност, адаптибилност и стабилност. Одбраните микроорганизми во форма на мешовита култура поминуваат серија биотестови со цел да се дефинираат оптималните процесни параметри, а со тоа и процесната линија за третман на отпадната вода.

СБР технологијата има технички карактер, што значи дека со различни технички изведби (волумен на базенот, опрема за аерација, рециклирање на тињата и т.н.) на биоактивната тиња (микроорганизмите) им се обезбедува само адаптација. Со самоадаптација се одржуваат само оние микробни видови кои имаат способност да се прилагодуваат во новосоздадените услови. Биолошката активност на тие микроорганизми се одржува со големи волумени, исто така и со останати технички изведби кои ќе го осигураат биолошкиот процес.

Со овој патент се обезбедува Хидрауличкото ретенционо време (ХРТ) на задржување на отпадната вода во биобазените да е неколку часови, што во крајна линија повлекува огромна разлика и во габаритите на базените. Поточно, базените се далеку помали, а тоа значи и помала почетна инвестиција. Секако, ова е битно за секоја населба која ќе можи да понуди и помала земјишна површина за изградба на прочистителната станица.

Со оваа технологија се постигнува висок квалитет на прочистената вода и со многу ниски концентрации на азот и фосфор, биогени елементи кои се причина за еутрофикација на водените екосистеми-реципиенти на прочистените отпадни води.

Оваа технологија исто така е многу рационална во однос на потрошувачката на енергија бидејќи базенот за нитрификација, кој има потреба од аерација, е релативно мал. Иамјќи ги во предвид и најавените европски цени на електричната енергија, на овој проблем треба да му се обрне посебно внимание.

Прирастот на микробна биомаса (вишок активна тиња) е многу помала во однос на класичните технологии, односно основната СБР технологија, а тоа значи нема потреба од дополнителни таложници за стабилизирање на тињата.

И на крајот, една од големите предности на оваа технологија е тоа што таа е резултат на долгогодишните фундаментални истражувања вршени во лаборатории за микробна екологија во нашата држава и странство. Во неа се вградени и најновите практични искуства добиени со примена на слични технологии во развиените земји. Тоа значи, зад оваа технологија стои технички и биотехнолошки високо стручен, домашен и меѓународен, тим кој во секое време може да ја следи и контролира работата на прочистителната станица.

Моделите БИГ-Г® 10-1000 на пречистителни станици се составени од еден базен (унитенк). Во самиот базен има три сегменти за третман на отпадната вода: биолошки третман (биозона-нитрификација и денитрификација) и сегмент за таложење на хумусот (тинњата).

Принцип на работа на БИГ-Г®
Протокот на отпадната вода од влезот до излезот се одвива со помош на гравитацијата. Влезната вода се прима во сегментот за денитрификација и преминува во сегментот за нитрификација. Биозоната може да содржи голем број на сегменти (во зависност од големината на пречистителната станица и бараниот квалитет на ефлуентот). Големата површинска зафатнина на медиумот го оптимизира растот на претходно селектираните микроорганизми (биомаса) кои ја процесираат отпадната вода.
Воздух во базенот се внесува со помош на надземни дувалки (компресори). Воздухот извршува две функции: снабдување на биомасата со кислород, и одстранување на вишок тиња. Комбинацијата на третирана вода и вишок хумусна тиња преминува во сегментот за таложење. Во оваа зома хумусните цврсти материи се таложат на дното на базенот, додека прочистената вода го напушта базенот од горниот дел на последниот сегмент.
Хумусната тиња која што се таложи на дното се пренесува назад во денитрификациониот сегмент со помош на пумпа, додека вишокот на тиња се одстранува со помош на низа физички и биолошки процеси (испумпување, сушење, компостирање итн.)
Награди:
1. Златен медал за Екологија и наука на 57-от меѓународен саем “Идеи, пронајдоци и новитети – ИЕНА” Нинберг, СР. Германија, 8-12.11.2005 година во конкуренција од 30 земји и 680 пронајдоци. 
2. Златна плакета од Министерството за наука и образование на Руската федерација. “Идеи, пронајдоци и новитети – ИЕНА”, Нинберг, 8-12.11.2005 година.
3. Патент на годината 2005. Република Македонија. 5.12.2005 год., Скопје.


БИГ-Г® ПРОЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ


БИГ-МФ© прочистителни станици за третман на индустриски и комунални отпадни води. Оваа технологија всушност преставува надградување на предходната БИГ-Г©. За таа цел се применува микрофилтрациони мембрани при терциерниот третман на отпадните води. Со оваа технологија се добива висок квалитет на прочистена отпадна вода (блиску до нивото од И категорија).

МФ процесот е систем на микрофилтрациони мембрани поставени во внатрешноста на БИГ-Г© или во негова близина. Резултат на тоа е високиот квалитет на ефлуентот, кој соодветствува на најстрогите критериуми.
Принцип на работа на БИГ-МФ©
Принципот на мембранската филтрација се базира на сепарацијата на цврстите честички суспендирани во водата со помош на разлика во притисоци. Течниот раствор (во најчест случај вода) поминува низ мембраните, додека цврстите честички остануваат на другата страна од мембраните, од каде покасно се отстрануваат.
Придобивки:
Максимален квалитет на ефлуентот, како резултат на комплетната сепарација на честичките од течната фаза.
Придржување кон стандардите за хигиена како резултат на високото ниво на сепарација на бактерии и вируси, кое се добива со МФ.
Висока концентрација на активна биомаса, која обезбедува редукција во аерациониот базен до 70%.
Отстранување на слојот кој се создава на површината од мембраната со минимум потрошувачка на енергија, преку секвентно чистење на мембраните.
Периодична дезинфекција на системот заштитува од контаминација.
Потполно автоматизирана филтрација, која зависи од трансмембранскиот притисок, со автоматско чистење кога притисокот ќе ги премине границите. По враќањето на нормалниот притисок, и филтрацијата се враќа на нормала.
Трансмембранскиот притисок е мал и тивок, што се должи на високата пермеабилност на мембраната, а со тоа и векот на мембраната се продолжува. 
Модуларната конструкција дозволува лесна детекција и замена на индивидуалните единици.
Отстранување на индивидуални или комплетни мембрански сегменти.


БИГ-МФ® ПРОЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ


BioengineringПроизводи