Прочистителни станици за отпадни води, дизајнирани за семејни куќи, вили, викендици, колиби и станбени згради.Големината се одредува според бројот на членовите на домаќинството. Имаат вертикален цилиндричен полипропиленски резервоар.
Карактеристики и придобивки
▪ Компактни станици ▪ Минимум градежни работи ▪ Брза и лесна инсталација
Дополнителна опрема
▪ Резервоар за складирање на вода ▪ Резервоар за дувалка ▪ Сервисен комплет ▪ Контролер
Висок квалитет на прочистената вода
▪ Биолошко отстранување на азот со висока ефикасност (денитрификација над 90% и нитрификација над 80%) благодарение на патентираниот вертикален проток ▪ Биолошко отстранување на фосфор со висока ефикасност од над 80% благодарение на патентираниот вертикален проток
Предности на технологијатата
▪ Може повторно да се користи прочистената вода ▪ Испуштање во чувствителни, подземни, и води за капење
Технички параметри
Едноставна инсталација
Прочистителните станици тип AT 6 до AT 20 се поставуваат во јама со армирано-бетонска плоча со дебелина од 15cm на дното, поставена така што горниот раб на резервоарот е околу 5cm над земја. Во случај на подземни води и доколку бара проектната документација, треба да се бетонира до утврдената висина. Мора да се наполни со вода (до нивото на цевката) пред да почне полнењето. Детални инструкции за вградување има во упатството. Нашиот тим може да се погрижи за инсталацијата.