Био Инженеринг Доо е основана во 1998 година, како приватна компанија специјализирана за проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за третман на фекални и индустриски отпадни води (со мали, средни и големи капацитети). Биоинженеринг Доо се бави и со истражување и развој на нови технологии за третман на отпадни води, подобрување на постоечки технологии за третман на отпадни води, истражување, развој и производство на биолошки препарати кои имаат широка примена во здраството, земјоделието, шумарството и заштитата на животната средина. Во изминантиот период Биоинженеринг Доо активно учествува и во работата на голем број европски научно-истражувачки проекти финансирани од програмата FP-5, FP-6 и FP-7. За резултатите од повеќегодишната успешна работа има добиено голем број признанија и награди.

  • Place Alt Text Here

  • Place Alt Text Here

Биоинженеринг Доо развива еколошки безбедни решенија за разрешување на проблемите со отпадните води од различни индустриски гранки, земјоделски стопанства, станбени и урбани комплески, управување со опасен отпад и ревитализација на загадени површини.
Во своите производи Биоинженеринг користи природни бактериолошки формули на аеробни и анаеробни микроорганизми. Повеќе од петнаесет години успешна примена на нашите производи на домашниот и странскиот пазар, е потврда за квалитетот на производите и применетите технологии во полето на третманот на отпадни води.
Следејќи ги принципите на микробиологијата и биотехнологијата, компанијата развива нови процеси за обработка на индустриски и урбани отпадни води, а воедно се грижи и помага во унапредувањето на работата на постоечките системи, подобрувајќи ја ефикасноста на старите, применети, технологии со примена на соодветни комбинации на мешани микробни култури и соодветна (био) технологија.
Стекнатите знаења во областа на третман на отпадни води и примена на биотехнологијата во третманот на отпадните води, представуваат основа за иден развој и трансфер на нови технологии при третманот на отпадни води.

  • Place Alt Text Here
  • Place Alt Text Here
  • Place Alt Text Here
  • Place Alt Text Here

Селектирање и адаптирање на микроорганизми


  • Пилот метантенк од 100м3

  • Place Alt Text Here

    Лабораториски биореактор од 2л

  • Place Alt Text Here
  • Place Alt Text Here
  • Изолирање на различни групи микроорганизми од природата

До потрошувачите: Ние, во Биоинженерин, сме многу свесни за нашата одговорност во управувањето со околината и одржливиот развој. Со придонесување на сигурен, и природен производ им овоможуваме на нашите клиенти да и тие бидат добри управители со околината , со што и тие ке помогнат за нејзино зачувување за нашите деца и понатамошни поколенија.

До продажниот сектор: Ние го цениме односот со нашите партнери и секојдневно ги подобруваме начинот на кој Биоинженеринг може да пружи подобра поддршка до оние кои ги продаваат и промовираат нашите производи. Како фамилијарен бизнис, ние го почитуваме значењето на независните соработници кои допринесуваат во трансверот на знаењето и експертизата со кои им помагаат на нашите потрошувачи да го одберат точниот производ и да ја оптимизираат работата на сите производи на Биоинженеринг.

BioengineringЗа Нас