СЕКВЕНТЕН БИОРЕАКТОР СО АЕРОБНИ ГРАНУЛИ
Големи прочистителни станици за комунална и индуструска употреба
Нашата патентирана BIG-SBR технологија е имплементирана во модуларни пакети на прочистителни станици за третман на индустриски и комунални отпадни води од различни извори, со цел редуцирање на концентрациите на органските полутанти и биолошката и хемиската потрошувачка на кислород, и тоа во рамките на европските регулативи.
Применуваат систем на продолжена аерација кој обезбедува доволно кислород и мешање, со што се овозможуваат поволни услови за разложување на органските полутанти од страна на микроорганизми.
Технолошкиот процес се одликува со четири чекори кои го постигнуваат посакуваниот квалитет на ефлуентот: скрининг, аерација, таложење, и рециркулација на тиња.
Што ги прави нашите BIG-SBR различни и подобри од останатите?
Природен процес: без хемикалии!
Бактериите кои се наоѓаат во околината се претходно изолирани, селектирани, адаптирани и потоа директно се инјектираат во ПСОВ во форма на гранули.
- Скратено време на хидраулично задржување и седиментација
- Помала потрошувачка на енергија
- Помал јаглероден отпечаток
- Отпадна вода со значително намалени нивоа на BOD, COD, азот и фосфор
State-of-the-art” технологија + 20 години докажан процес за биолошки третман на отпадни води.
Модуларните станици се изведени од заварени челични контејнери, со соодветна надворешна и внатрешна изолација што ги прави поволни за подземна инсталација. Опремата од модуларните прочистителни станици може да биде обезбедена и за дополнителна инсталација.
Достапни се во стандарден опсег од 15m3/ден до 400 m3/ден капацитет за третман по модул. Поголем пакет за третман на комунални постројки надвор од овој капацитет е исто така достапен со комбинација на повеќе модули, или во кружна конфигурација со челична или бетонска конструкција на резервоарот.
Различни модели со
променлив проток на вода
трговски центри
училишта
градинки
кампови
хотели
ресторани
помали заедници
Екстремно загадени или води
со променливи органски оптоварувања
кланици
градежна индустрија
кожарска индустрија
кондиторска индустрија
млечна индустрија
прехрамбена индустрија
Еколошки чувствителни области
кои бараат напредни третмани
одморалишта
риболовни места
- Ефлуент со 125 mg/L COD
- Ефлуент со 20 mg/L BOD
- Ефлуент со 30 mg/L суспендирани цврсти материи
- Опрема што може да ги исполни стандардите за наводнување
- Достапен е изборен терцијарен третман за подобрен квалитет на водата
- Напредни третмани за вода погодна за рециклирање и висококвалитетни отпадни води за повторна употреба