Био Инженеринг Доо е основана во 1998 година како компанија за проектирање, производство и монтирање на прочистителни станици за фекални и индустриски отпадни води, со мали, средни и големи капацитети. Со текот на времето дејностa ја проширивме кон микробиологија на храна и вода, како и персонализирана медицина.
PROF. DZOKO KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER
PROF. DZOKO KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER
IVAN KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER, CEO
IVAN KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER, CEO
GORAN KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER, CTO
GORAN KUNGULOVSKI, PHD
FOUNDER, CTO
KIRIL STOJANOVSKI
ACCOUNTING AND ADMINISTRATION
KIRIL STOJANOVSKI
ACCOUNTING AND ADMINISTRATION
MARIJA TODOROVSKA IVKOVIKJ
MICROBIOLOGIST
MARIJA TODOROVSKA IVKOVIKJ
MICROBIOLOGIST
ALEKSANDRA STAJKOVSKA
PROJECT MANAGER
ALEKSANDRA STAJKOVSKA
PROJECT MANAGER
ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ:
Свесни сме за нашата одговорност во управувањето со околината и одржливиот развој. Со нашите услуги и производи Ви овоможуваме и Вам да бидете добри управители со околината, и да помогнете во нејзиното зачувување.
ДО ПРОДАЖНИОТ СЕКТОР:
Како фамилијарна компанија, го вреднуваме односот со Вас како партнери, и го почитуваме Вашето значење како соработници кои ја пренесуваат нашата експертиза и кои им помагаат на потрошувачоте да го одберат најдобриот производ.
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА
Златен медал награда на саемот за патенти и иновации во Нирнберг, Германија (2005 година), за патентот „Прочистителна станица за детоксикација на индустриски отпадни води со примена на гранулирани микроорганизми“.
„Прочистителна станица за детоксикација на индустриски отпадни води со примена на гранулирани микроорганизми“ – прогласен за патент на годината, Република Македонија (2005 година).
Златен лист награда од Министерство за животна средина и просторно планирање, Република Македонија (2005 година), за патентот „Прочистителна станица за детоксикација на индустриски отпадни води со примена на гранулирани микроорганизми“.
Златен медал награда на саемот за патенти и иновации во Нирнберг, Германија (2009 година), за патентот „Прочистителна станица за биолошки третман на комунални и индустриски отпадни води во модуларен секвентен систем (СБ реактор) со примена на биоактивна тиња обогатена со мешани култури на микроорганизми“.
„Прочистителна станица за биолошки третман на комунални и индустриски отпадни води во модуларен секвентен систем (СБ реактор) со примена на биоактивна тиња обогатена со мешани култури на микроорганизми“ – прогласен за патент на годината, Република Македонија (2009 година).
Награда златен медал за високи академски достигнувања од Министерството за наука во Русија (2009 година).
Награда „Креативност и иноватиност во секојдневниот живот“ (2009 година) од амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Ерван Фуаре, за патентот „Прочистителна станица за детоксикација на индустриски отпадни води со примена на гранулирани микроорганизми“.