Препознавајќи ја униформноста во Македонските вина и побарувачката за персонализирани опции, Био Инженеринг ДОО го започна проектот ВИНОМ кој резултираше со изолација на уникатни, автохтони соеви на квасци од локалните лозови насади.
Преку актуелниот проект ВИНКВАС изолираните нативни квасци се доближуваат до македонските винарии за добивање на персонализирано вино.
Проектот ВИНКВАС користејќи ја експертизата на Био Инженеринг од проектот ВИНОМ има за цел комерцијализација на автохтоните квасци, кои ќе го подобрат и персонализираат гео-локалниот идентитет на македонското вино.
Проектите ВИНОМ и ВИНКВАС се подржани и спонзорирани од Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР). Успешната и лојална кооперација со фондот се императив за идна и долгорочна соработка за реализација на нови иновативни идеи.